Нови главоболки за Валверде, трка со времето пред клучниот меч со Јунајтед…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона го продолжува својот поход во Лигата на шампионите по суровата елиминација на Лион.

На ред е Манчестер Јунајтед, Каталонците сигурно ќе влезат сосема расположени со сите сили на овој двомеч.

Ернесто Валверде се надева дека тоа би можел да биде и Осман Дембеле, кој би морал да закрепне од повредата дури и пред мечот со Атлетико на 6. април, четири дена пред првиот меч на „Олд Трафорд“.

Фантастичниот Французин оваа сезона покажа колку вреди на 35 натпревари запишувајќи 14 погодоци и осум ассистенции без оглед на фактот дека често не беше стартер.

Со текот на времето стана се поважен член на тимот од кој беше потиснат Филипе Кутињо кој најави заминување од „Камп Ноу“.