Нови три случаи на коронавирус во Серија А: Еден од нив е поранешен фудбалер на Милан!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И понатаму се шири паника поради коронавирусот во светот, а страда и фудбалот. Секој час пристигнуваат информации за нови случаи на фудбалери позитивни на коронавирус, посебно во Италија.

Вчера официјално беше потврдено дека Душан Влаховиќ е позитивен на коронавирус, а сега стигна потврда за уште три случаи.

Позитивни на коронавирус се фудбалерите Патрик Кутроне и Герман Пецела, како и физиотерапевтот Стефано Даниели.

„Фиорентина соопшти дека по забележување на одредени симптоми кај фудбалерите, тие се испратени на тестирање на коронавирус, па нивните тестови се позитивни“, порачаа од Фиорентина.