Новинар ги запре децата на Меси и им пушти видео од деца од Аргентина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Лионел Меси веројатно е личноста која има добиено најмногу критики од аргентинската јавност во последните 10тина години поради игрите во националниот тим.

Во Аргентина очекуваат од Меси со репрезентацијата да им ја донесат титулата првак во светот, а како што тоа не се случува, така критиките кон него се поголеми.

Меси призна дека дури и најстариот негов син Тиаго еднаш го прашал зошто не го сакаат во Аргентина, бидејќи видел на ТВ како жестоко го критикуваат неговиот татко.

Се потрудил најдобро што може да му објасни дека тоа не е вистина, а сега доби помош и од еден новинар кој отишол во Аргентина како би им докажал на синовите на Меси дека неговиот татко и тоа како го сакаат во нивната татковина.

Тој одлучил на Меси и на неговите синови да им прикаже снимка од Аргентина каде ги снимал врсниците на Тиаго како во суперлатив говорат за неговиот татко, па на овој начин сигурно им го разубавил денот на синовите на Меси.