Новинар на „Њујорк Тајмс“: Ѓоковиќ продолжи да им дава простор на „квазинаучниците“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ имаше јавување во живо на Инстаграм со својот пријател Шервин Џафаријах, па така армијата на неговите фанови можеше да ги слуша интересните дискусии меѓу кои и за емоциите, исхраната и многу други.

Различни приказни беа почнати, анализирани, а човекот од Иран го имаше главниот збор, па собра многу симпатии, но не сите беа воодушевени со неговите ставови.

За некои лица тој беше најобичен „квазинаучник“, а така смета американскиот новинар Бен Ротенберг, чија специјалност е тенисот и кој пишува за „Њујорк Тајмс“.

Ротенберг смета дека Ѓоковиќ не требало да му дава толку многу простор на Иранецот кој ги промовирал неговите дискутабилни ставови пред голем број луѓе.