Новинар се обиде да го испровоцира Рубљов поради војната во Украина


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Андреј Рубљов вчера загуби со 1-3 во сетови од Новак Ѓоковиќ, а потоа се соочи со непријатна ситуација на прес-конференцијата.

Рускиот тенисер уште на самиот почеток на војната меѓу Русија и Украина кажа дека не ја поддржува битката.

Еден локален новинар, сепак, се обиде да го испровоцира Рубљов поради војната меѓу Украина и Русија.

„Дали се чувствувате виновни затоа што сте од Русија“, праша новинарот.

Рубљов на тоа даде јасен одговор и го замолче новинарот.

„Не, мислам… не знам што да кажам. Веќе многупати повторив дека не ја поддржувам војната. Оваа ситуација е катастрофална и никој не ја посакува. Сакам да се вратиме на нормалниот живот“, кажа Рубљов.