Новиот сопственик на Астон Вила: Набрго ќе станеме како Реал или Барселона


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Англискиот гигант и поранешен освојувач на Лигата на шампионите Астон Вила е спремен за настап во вториот по ранг од англискиот фудбал, популарно Чемпионшип.

Тоа за Вила ќе биде прв настап во втораталига откако Премиер лигата се формира. Сепак, набргу се случија големи промени во Астон Вила, па се очекува клубот да се врати во Премиер лигата и самиот врв на англискиот фудбал.

Прво официјално клубот го откупи богатиот кинески бизнисмен Тони Ксиа, а денеска официјално е претставен прославениот Роберто Ди Матео како нов менаџер.

Денеска беше претставувањето, но и обраќањето кон медиумите каде што Тони Ксиа изјави нешто неверојатно.

„Имаме големи амбиции со новиот клуб. Во наредниот период сакаме да станеме нов Реал Мадрид или Барселона. Знам дека тоа ви звучи смешно, но допрва ќе видите што ќе направиме“, рече Кинезот.

„Знам дека е тешка работа пред нас, но ќе бидеме соединети и ќе пробаме одма да се избориме за враќањето во Премиерлигата. После тоа, кој знае…“, рече новиот менаџер Роберто Ди Матео.