Ново правило: Голман кој одолговлекува во Премиер лига, играч помалку за една минута?


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Англискиот фудбал наскоро може да воведе пробно правило за да се спречи тактичкото одолговлекување на голманите за време на натпреварите, објавија денес британските медиуми.

Фудбалскиот сојуз на Англија (FA), Премиер лигата, Англиската фудбалска лига (EFL), Националната лига и Женската суперлига постигнаа договор за спроведување на овој експеримент, под услов да добијат одобрување од Меѓународниот одбор за фудбалски правила (IFAB), пренесе Би-Би-Си (BBC).

Претходно оваа година IFAB одлучи за сега да не ги менува правилата на игра, туку повика лиги кои сакаат да учествуваат во пробно тестирање.

Организацијата на професионални фудбалски англиски судии, предводена од директорот за судење Хауард Веб, разговараше со лигите за начинот на решавање на овој проблем и беше одлучено екипата да биде казнета со привремено напуштање на еден играч од теренот.

Ако судијата сигнализира дека физиотерапевтот може да влезе на теренот за да му укаже помош на голманот, тренерот ќе има 10 секунди да одреди еден играч кој ќе го напушти теренот за една минута и за тоа ќе го информира четвртиот судија.

Доколку во рок од 10 секунди не биде избран ниту еден играч, капитенот на екипата ќе мора да го напушти теренот.