Ново разочарување за Челси: Астон вила го освои Лондон (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Челси повторно ги разочараа своите навивачи, откако загубија на домашен терен со 0-2 од Астон Вила.

„Сините“ играа добро прво полувреме, но не ги искористија шансите, а казната пристигна преку Воткинс во 18. минута.

Иако екипата на Грем Потер се обидуваше и во вториот дел да стигне до гол, сепак МекГин со прекрасен удар во 51. минута зголеми на 2-0.

Челси во моментов е на 11. место во првенството со 38 бодови, додека Астон вила е деветта со 41 бод.