Ново засилување во Лондон: Челси најде замена за Силва


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Бразилскиот фудбалер Тиаго Силва има уште шест месеци од договорот со Челси и најверојатно нема да му биде продолжен.

Англиските медуми пишуваат дека Челси бара замена за Силва, а се очекува премиерлигашот да се засили од Германија.

Џонатан Та има неверојатна сезона во дресот на Баер Леверкузен и од следното лето би требало да биде дел од одбраната на лондонскиот тим.

Овој 27-годишен фудбалер е прва желба за „сините“, а дел од медиумите пишуваат дека веќе бил постигнат договор меѓу двете страни.

За Челси останува да ја активира откупната клаузула која Та ја има во договорот со Баер Леверкузен.