Новото издание на Лигата на нации ќе се игра во необичен термин!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија го заврши второто издание на Лигата на нации со пораз од Ерменија со 0-1, со што не изборивме пласман во Лига Б.

Македонија беше блиску да оди еден ранг погоре, но не успеа, па и во следното издание ќе бараме пласман на Европското првенство (ЕП) преку Лига Ц.

Сепак, третото издание ќе се игра во 2022 година, и тоа од 2 јуни до 27 септември. Причината за тоа е Мундијалот во Катар, а сигурно фудбалерите нема да бидат среќни со оваа најава.

Македонија во Лига Ц како можни противници ги има Азербејџан, Белорусија, Бугарија, Фарски Острови, Грузија, Гибралтар, Грција, Косово, Литванија, Луксембург, Северна Ирска, Словачка, Турција и две селекции од Кипар, Естонија, Казахстан и Молдавија, кои ќе играат плеј-аут.