Новото засилување на Милан на лекарски прегледи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нов фудбалер на Росонерите ќе стане младиот португалец Рафаел Леао, кој стигнува од редовите на француски Лил.

Овој 20годишник заедно со Николас Пепе експлодираше во редовите на францускиот тим. Се очекуваше голем трансфер ова лето и тоа на крајот се случи.

Милан и Лил се договорија околу цената. Француската екипа ќе добие 30 милиони евра, а Леао веќе стигна на лекарски преглди и се очекува денес да потпише петгодишен договор.

Тој на Сан Сиро ќе го замени Патрик Кутроне кој го комплетираше трансферот во Вилверхемптон.

Леао минатата сезона одигра 24 натпревари за Лил и постигна осум погодоци.