Њукасл ќе активира откупна клаузула за фудбалер кој ја воодушеви Европа

Навивачите на Њукасл уште во јануари очекуваат засилувања во екипата, откако клубот го купи принцот од Саудиска Арабија, Мохамед Бин Салман.

Мајк Ешли по 14 години реши да го продаде тимот и така ги израдува навивачите, кои очекуваат премиерлигашот да стане гигант во следните години.

Целосен ремонт се очекува пред почетокот на следната сезона, а сега целта е Њукасл да се избори за опстанок во Премиерлигата.

Англиските медиуми веруваат дека Њукасл ќе купи некое засилување, а на листата со желби се наоѓа Луис Дијаз, кој игра во фантастична форма во Порто и ја воодушеви Европа со неговите настапи.

Овој 24-годишен крилен фудбалер пристигна во Порто пред две години од Колумбија, а во досегашниот дел од сезоната одигра 11 меча и постигна седум гола.