Нуњез го издрибла голманот, па се посрамоти пред цел „Енфилд“ (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ливерпул славеше убедливо против Тулуз (5-1) на „Енфилд“ во третото коло од Лига Европа, а еден од стрелците беше и Дарвин Нуњез, но по натпреварот повеќе се зборува за неговото промашување.

Нуњез во 65. минута од натпреварот го издрибла противничкиот голман и остана да ја затресе мрежата на ривалите, но неговиот удар заврши во стативата.

Сепак, грешката на Нуњез ја корегира негов соиграч кој погоди за водство од 4-1.