Обамејанг има тетоважа која нема да им се допадне на навивачите на Челси (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот капитен на Арсенал го засили нападот на Челси во последниот ден од летниот преоден рок и ова не е прв фудбалер да игра за двата англиски гиганти, откако претходно нешто идентично направија и Оливие Жиру, Ешли Кол и Цеск Фабрегас.

Меѓутоа се појави „проблем“ кај навивачите на Челси затоа што Обамејанг има тетоважа на раката од времето кога го носеше дресот на Арсенал.

Обамејанг ќе почека на своето деби во дресот на Челси, а најверојатно навивачите ќе ја заборават тетоважата ако искусниот напаѓач почне веднаш да ги тресе противничките мрежи.

Напаѓачот од Габон минатата сезона играше за Барселона, а претходно го носеше дресот и на Борусија Дортмунд, Сент Етјен, Монако, Лил, Дижон и Милан.