Обамејанг ќе го носи „проколнатиот“ број во Челси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новиот напаѓач на Челси, Пјер-Емерик Обамејанг го избра бројот девет во лондонскиот гигант, кој во минатото го носеа многу ѕвезди, но ниту една од нив не се прослави.

Обамејанг пристигна во Лондон во последниот ден од преодниот рок, откако Челси за неговите услуги плати 14 милиони евра и го испрати Маркос Алонсо во Каталонија.

Напаѓачот на Габон реши да ја земе „деветката“ со која во минатото не се прославија ѕвезди како Фернандо Торес, Алваро Мората, Радамел Фалкао и многу други.

Тренерот Томас Тухел може да биде задоволен затоа што Обамејанг треба да му ги реши проблемите во нападот кои ги имаше во првите пет кола од Премиерлигата.