Обамејанг му се смееше на противникот во очи, а казната стигна неколку секунди подоцна! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Арсенал во иста недела успеа да ги победи Ливерпул и Манчестер сити, но се „лизнаа“ неочекувано против Астон Вила.

Решавачкиот погодок беше постигнат во 27. минута по корнер, а интересно е тоа што Пјер-Емерик Обамејанг му се смееше на противникот само неколку секунди претходно.

Обамејанг требаше да го чува Тајрон Мингс, а камерите го забележаа напаѓачот од Габон како во очи му се смее на противникот.

Мингс успеа да ја удри доволно топката, за таа да стигне до Трезеге, кој со силен и прецизен удар го матираше Емилијано Мартинез.