Од ЕА Спорт се поправија: Рибери повторно личи на себе на ФИФА20 (Фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Френк Рибери неодамна се пожали дека неговиот карактер на новата ФИФА20 воопшто не личи на него, на што стигна и реакција од „ЕА Спортс“.

Имено, од компанијата која ја изработува најпопуларната фудбалска игра во светот го објавија ликот на Рибери по најновиот „апдејт“.

„Еј Френк Рибери. Твојот трансфер сертификат конечно е прифатен. Виолетовото добро ти стои“ –стои на објавата на ФИФА.

Мора да се признае дека Френк Рибери сега е речиси идентичен на новата игра.