Од херој до трагичар: Разочаран сум поради вториот гол на Манчестер сити!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Голманот на Црвена Звезда, Омри Глазер имаше одлично прво полувреме и беше еден од главните актери поради кои премиерлигашот постигна само три гола.

Глазер имаше дури 16 одбрани во првото полувреме, а во вторите 45 минути прими гол поради негова грешка.

Чуварот на мрежата кажа дека е разочаран поради вториот гол, иако е среќен затоа што Ц. Звезда му парирала на европскиот шампион.

„Разочаран сум за вториот гол. Морав подобро да реагирам. Игравме против неверојатен тим, дадовме 100 отсто, можевме да извлечеме и подобар резултат, но среќни сме што покажавме дека имаме квалитет“, кажа Глазер.