Од Лацио потврдија дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед наскоро ќе се пресели во нивните редови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Андреас Переира ќе го напушти клубот и кариерата ќе ја продолжи во Серија А, во тимот на Лацио.

Фудбалерот кој беше голем талент на Манчестер Јунајтед ќе си замине од клубот како не многу омилен играч поради неговите слаби настапи во минатото.

Дека Переира ќе се пресели во Лацио потврдија и првите луѓе на клубот, Игли Таре и тренерот Симоне Инзаги.

„Андреас Переира ќе пристигне во следните два до три дена“ –кратко изјави Игли Таре, а на оваа изјава се надоврза и Инзаги.

„Го знам него, тој е квалититен играч кој ќе ни помогне. Не сакам да зборувам многу за играчи кои немаат потпишано се уште и ќе видиме дали дефинитивно ќе пристигне или не“ –изјави Симоне.