Од Лацио се убедени дека ќе го освојат Скудетото: Не прифаќаме одлука на владата да се прекине првенството


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дефанзивецот на Лацио, Патрик верува дека неговиот тим може да стигне до титулата во Серија А и откри дека сите во клубот се против прекинување на првенството.

Од оваа седмица во Италија сите клубови добија дозвола да тренираат одржувајќи дистанца, а некои од тимовите веќе започнаа со тренинзи.

„Не се плашиме и со вистински мерки за вниманиеможеме да се вратиме на терен. Фудбалот не се разликува од било која друга работа. Дома сме веќе два месеци и сакаме да се вратиме на работа. Ако се друго се враќа во нормала, зошто да не се вратиме и ние? Не би прифатиле одлука на владата за прекин на првенството. Ова е историски момент за Лацио, имаме фантастична сезона. Не може да ја доделат титулата ако е толку неизвесно и бодовната разлика е мала на 12 кола пред крајот“ –изјави Патрик.