Одегард по пет години конечно добива шанса да го покаже својот талент во Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од фудбалерите од кои многу се очекуваше е Мартин Одегард, кој е фудбалер на Реал Мадрид, но никогаш не успеа да го покаже својот талент.

Сепак, од оваа сезона игра одлично во Реал Сосиедад и поради тоа „кралевите“ сакаат да го вратат во клубот следното лето и да му дадат нова шанса.

Сите во клубот се надеваат дека Одегард ќе продолжи со настапите какви што ги има во Реал Сосиедад.

Неговиот договор со Реал Мадрид завршува во 2023 година, но би можел да биде продолжен следната сезона доколку заигра подобро.

Нема сомнеж дека станува збор за квалитетен и талентиран фудбалер, но останува да видиме дали ќе ја искористи новата шанса во редовите на „кралскиот клуб“.