Одмаздата секогаш е слатка: Новинарка им се реваншираше на Карагер и Невил (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Новинарката на „Скај Спортс“, Кели Кејтс, се најде во центар на внимание пред неколку недели по мечот меѓу Саутемптон и Ливерпул.

Таа по мечот традиционално разговараше со легендарните Гери Невил и Џејми Карагер, кои работат како стручни коментатори во телевизијата.

Кели остана збунета кога им постави прашање, откако тие ѝ го свртеа грбот и почна да одат кон тунелот на стадионот.

Сепак, таа реши да им се одмазди на ист начин, па видеото стана хит на социјалните мрежи.

Тоа се случи минатиот викенд кога на стадионот на Лестер, Кели повторно разговараше со нив, а потоа реши да им го сврти грбот и да замине.