Одморот на Зидан заврши: Се враќам наскоро!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот француски фудбалер и тренер Зинедин Зидан потврди дека ќе се врати на тренерската работа, но засега не ги открива неговите планови на медиумите.

Зидан реши да се врати на работа по паузата која трае од мај 2021 година, а во разговор со француските медиуми кажа дека наскоро ќе бидат објавени деталите.

„Наскоро се враќам. Треба да имате само малку трпение. Не сум далеку од нов тренерски ангажман“, вели Зидан.

Зидан најверојатно ќе стане селектор на француската репрезентација, како што се шпекулираше и претходно, а Дидие Дешам ќе замине од клупата по Мундијалот во Катар.

Французинот во прехтодните месеци одбиваше богати понуди од многу тимови, меѓу кои беа ПСЖ, Њукасл, Манчестер јунајтед и Челси.