Одржана ждрепката во ЛШ: Во август ќе уживаме во вистински спектакли!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Нион денеска беше одржана ждрепката за Ф8 турнирот во Португалија, откако претходно пандемијата на коронавирусот го запре елитното натпреварување уште во март.

На осми август се играат останатите четири натпревари од осминафиналето и тоа во градовите домаќини ако има услови за такво нешто, а ќе се сретнат Манчестер сити – Реал Мадрид, Баерн Минхен – Челси, Јувентус – Лион и Барселона Наполи. Победниците ќе им се приклучат на Аталанта, Лајпциг, ПСЖ и Атлетико на завршниот турнир од 12 до 23 август во Лисабон.

Четвтфиналето  би се играло меѓу Реал Мадрид/Манчестер сити – Лион/Јувентус, Лајпциг – Атлетико Мадрид, Наполи/Барселона – Челси/Баерн Минхен и Аталанта – ПСЖ.