Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Англискиот гигант Челси официјално потврди дека шпанскиот стратег Чаби Алонсо ќе го преземе тимот од 1 јули 2026 година, откако двете страни постигнале договор за четиригодишна соработка.
Алонсо пристигнува на „Стемфорд Бриџ“ со големи очекувања, по успешниот тренерски период во Европа, каде што се наметна како еден од најперспективните млади тренери на денешницата. Раководството на Челси верува дека токму тој е човекот што може повторно да го врати клубот во борба за најголемите трофеи во Англија и Европа.
Во официјалното соопштение, клубот изрази задоволство од постигнатиот договор и најави дека Алонсо ќе започне со подготовките за новата сезона веднаш по неговото пристигнување во Лондон.















