Официјалната потврда е прашање на време: Азар ги минува последните денови во Челси, а позната и сумата за неговиот трансфер…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На Еден Азар му остана уште еден натпревар во дресот на Челси.

Бртинските медиуми се убедени во заминувањето на фанатастичниот офанзивец, а неговата следна дестинација ќе биде Реал Мадрид.

На Челси до крајот на сезоната му остана уште финалето во Лига Европа во Баку на 29. мај против Арсенал по кое ќе биде позната судбината на фантастичниот Белгиец.

Еден од најдобрите светски играчи пред две недели му истакна на клупското раководство за својата дефинитивна одлука, т.е. дали намерува да замине или останува.

„Донесов одлука, но не е само до мене. Го информирав клубот пред неколку недели“, истакна Азар по ремито на Челси со Лестер.

Угледниот „Yhe Guardian“ пишува дека Азар одлучил да го напушти „Стемфорд Бриџ“ и во следниот период ќе мами аплаузи од публиката на „Сантијаго Бернабеу“ стадионот. Реал за Азар би требало да плати 110 милиони евра.

Овој 28-годишен фудбалер во Челси стигна во јули 2012. година, а му остана уште една сезона од догвоорот. Во меѓувреме, со Плавите освои низа трофеи, а шанса со пехарот во рака според се судејќи да се прости од лондонскиот клуб ќе има во Баку.