Официјално: Барселона има нов голман! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако на момент делуваше дека Валенсија ќе го купи Јаспер Силесен и нема да прави трампа со Барселона, сепак Каталонците веднаш реагираа и најдоа резервен голман.

Од „Месталја“ во Каталонија се сели бразилскиот голман Нето, кој беше платен 26 милиони евра. Тоа е одлично за Барселона, која претходно го продаде Силесен во Валенсија за 35 милиони евра, па може да се каже дека тие се во плус девет милиони евра.

Поранешниот голман на Јувентус и Фиорентина со Барселона потпиша договор до 2023 година и ќе има откупна клаузула од неверојатни 200 милиони евра, како што пишува на официјалниот сајт на шпанскиот шампион.