Официјално: Мурињо ќе ѝ биде тренер на Рома!

Жозе Мурињо неодамна доби отказ од Тотенхем поради лошите резултати во првенството и во Лига Европа, но не чекаше долго пред да добие нов ангажман.

Рома објави дека Мурињо ќе биде нов стратег на италијанскиот клуб од следната сезона, а ќе потпишат договор на три години.

Пауло Фонсека ќе ги предводи Римјаните до крајот на сезоната, по што ќе ги спакува куферите и ќе си замине, а неговата замена е големо изненадување за јавноста.

Поранешниот тренер на Наполи и Јувентус, Маурицио Сари беше прв фаворит за тренерското столче, но Рома се реши да го ангажира Мурињо, кој претходно во Италија го водеше тимот на Интер.