Официјално: Реал Мадрид се засили со Чуамени!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот шампион Реал Мадрид конечно ги потврди шпекулациите и го реализираше трансферот кој долго време се најавуваше, па така ново засилување за тимот е Орелиен Чуамени, кој доаѓа од Монако.

„Кралскиот клуб“ објави дека постигнал договор со Монако за трансферот на Чуамени, а фудбалерот ставил потпис на соработка во следните шест години.

Трансферот се очекува да чини околу 100 милиони евра, односно 80 милиони ќе му бидат платени веднаш на Монако, додека останатите 20 ќе им бидат исплаќани на „кнезовите“ преку бонуси.