Официјално: Родри потпиша за Манчестер сити (ВИДЕО)


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Манчестер сити денеска го претстави своето второ засилување летово, Родри, кој пристигнува од Атлетико Мадрид.

Родри настапува како фудбалер за врска, а негова задача е спречувања на противничките напади, па може да се каже дека тренерот Пеп Гвардиола доби квалитетно засилување.

Овој 23-годишен фудбалер потпиша петгодишен договор со „граѓаните“, па претставува големо засилување.

„Тоа што Манчестер сити го направи во последните две години е неверојатно. Мило ми е што станувам дел од ваков талентиран тим. Не зборувам за титулите, туку нивниот напаѓачки фудбал. Возбуден сум што ќе соработувам со Гвардиола и се надевам на многу успех во иднина“, вели Родри.

Англиските медиуми објавија дека „граѓаните“ платиле 70 милиони евра за трансферот на Родри.