Официјално: Шредер се врати во Лос Анџелес Лејкерс!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германскиот кошаркар Денис Шредер игра одлично во последно време, а тоа го врати во НБА-екипата, Лос Анџелес Лејкерс.

Шредер в недела ќе се бори проитв Полска за бронзениот медал на Европското првенство (ЕП) во кошарка.

Германецот пред почетокот на Евробаскетот немаше тим затоа што стана слободен играч по трејдот на Бостон и Хјустон.

Лејкерс реши да го врати во екипата и потпишаа едногодишен договор со Шредер, кој ќе заработи 2,4 милиони евра.

Шредер го носеше дресот на Лејкерс пред две сезони, кога во просек постигнуваше по 15,4 поени и 5,8 асистенции по натпревар.