Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Повеќе нема дилема, Италијанецот кариерата ја продолжува во Лига 1.
Пишувавме дека Марио Балотели е на чекор од премин во редовите на Ница, а сега се е и официјализирано.
Поранешниот играч на Интер, Манчестер Сити, Милан, и сега на Ливерпул, заминува од Енфилд после три години, а на име трансфер Редсите нема да заработат „ниту денар“.
Роџерс го доведе во 2014 година за 16 милиони фунти од Милан, како замена за Луис Суарез, а Ница сега го ангажираше без оштета.
Уште еден во низата промашувања на управата на Ливерпул.
Било како било, Бало прв пат ќе се проба во Лига 1.
Кој знае, можеби францускиот фудбал и ќе му “легне“ па да ја врати формата кога беше прв избор во шпицот на италијанската репрезентација.
#BenvenutoMario pic.twitter.com/gxwatH7xDm
— OGC Nice (@ogcnice) August 31, 2016