Oфицијално: Барселона го врати Денис Суарез


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Екипата на Барселона на својата официјална страница потврди дека Денис Суарез постигнал договор со каталонскиот клуб.

Суарез во Барселона најпрво пристигна уште во 2013 година од Манчестер Сити, но прилика за докажување на почетокот доби во Б тимот на Каталонците, а потоа беше испратен во Севиља на позајмица.

Минатото лето беше продаден на Виљареал за три милиони евра со можност на откуп, а Барселона таквата клазула од договорот ја искористи веќе ова лето и со Суарез потпиша договор до 2020 година. Откупната клазула на овој фудбалер сега изнесува 50 милиони евра.

Со своето доаѓање Суарез ќе ја засили конкуренцијата во средниот ред, а се очекува да биде претставен веќе утре откако ќе ги помине лекарските прегледи.