Официјално: Французинот го продолжи договорот со “Јорганџиите”


Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓


Францускиот фудбалер, Антоан Гризман, го продолжи договорот со Атлетико Мадрид.

Одличниот напаѓач стави потпис на нов петгодишен договор, според кој на “Висенте Калдерон” би требало да остане до 2021 година.

“Многу сум среќен и задоволен што сум дел од овој клуб. Сакам и понатаму да напредувам и се надевам дека тренерот и соиграчите ќе ми помогнат во таа цел”– изјави Гризман за официјалната страна на клубот.

Овој 25 годишен фудбалер зад себе има одлична сезона. Постигна 32 погодоци на 54 настапи за “Јорганџиите”.

Гризман се поврзуваше со многу екипи, но на крајот тој избра да остане во Атлетико.