Официјално: Големо враќање на Алесандре Пато во Лигата на шампионите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Некогаш најголемиот талент на светскиот фудбал Алесандре Пато и официјално се врати во најквалитетниот фудбал на светот.

Уште со своите 17 години играше во италијанската Серија А и Лигата на шампионите за Милан, и го освои најсилниот ранг на натпреварување во Италија.

Постигна троцифрен број на погодоци за Милан за само 22 години, и постави апсолутен рекорд во италијанскиот фудбал поради тој подвик.

Сепак, недолго потоа следеа две претешки повреди што неговото тело не можеше да го поднесе, и кариерата тргна во надолен пат. Се врати во родниот Бразил и тргна од самиот почеток.

Во Коринтијанс ја оживеа својата кариера и докажа дека неговите успеси не се случајност.

Сега, неколку години после тешкиот период Пато се врати на големата врата. Потпиша договор со Виљареал и ќе игра во шпанската Примера и Лигата на шампионите во следната сезона.

Голови постигнуваше досега и на Ноу Камп и на Сантијаго Бернабе, па со убави спомени ќе се врати во тие два храма на фудбалот. Среќно Il Papero!