ОФицијално: На „Сент Џејмс Парк“ стигна седмото и осмото засилување!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Рафа Бенитез составува тим по свој вкус, уште два играчи стигнаа меѓу Страчките.

Њукасл Јунајтед после шест засилувања, доведе уште две!

Имено, после доаѓањето на Хесус Гамез (Атлетико Мадрид), голманот Мац Селс (Гент), Ајзак Хајден (Арсенал У23), Грент Хенли (Блекбурн), Двајт Гејл (Кристал Палас) и Мет Ричи (Бормаут) на Стенџ Џејмс Парк, управата на Бенитез на располагање го стави и Кјаран Кларк (Астон Вила), како и Мухамед Диаме (Хал Сити)!

Тие два трансфери се најавени пред неколку дена, а денеска двата играчи се претставени во просториите на клубот.

Кларк е репрезентативец на Ирска и доаѓа од Вила за 5 милиони фунти, а во досегашната кариера настапуваше само за тимот од Бирмингем во чиј дрес во ПЛ одигра 134 натпревари, а постигна и седум голови.

Настапува на позиција централен бек.

Мохамед Диаме е репрезентативец на Сенегал, а во текот на својата кариера настапуваше за Виган, Вест Хем и Хал Сити на Островот.

За две години во дресот не Тигрите одигра 57 натпревари, постигна и 14 голови, а игра на позиција централен играч за врска.