Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Хрватскиот фудбалер Нико Крањчар е нов фудбалер на Глазгов Ренџерс.
После долгогодишно отсуство, шкотскиот гигант од наредната сезона се враќа во првата шкотска лига и во клубот одлучија сериозно да се засилат.
Искусниот 32 годишен фудбалер во редовите на Глазгов Ренџерс пристигнува од Њу Јорк Космос, а со шкотскиот гигант потпиша двегодишен договор.
Крањчар кариерата ја започна во Динамо, за во 2005 година да премине во Хајдук. Потоа настапуваше за Портсмунт, Тотенхем, Динамо Киев и КПР.
Од март настапуваше за Њу Јорк Космос, но сега се одлучи да се врати на Стариот континент.