Официјално: Тотенхем доведува напаѓач!


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Досегашниот фудбалер на АЗ Алкмар, Винсент Јансен е ново засилување за Тотенхем.

Холанѓанецот кој има 22 години е новото засилување на “Петлите”. Јансен игра на позицијата напаѓач и во холандската лига постигна 27 погодоци на 34 натпревари, а покрај тоа ја доби и наградата за најдобар млад фудбалер во лигата.

Тој доби и повик во репрезентацијата на Холандија за која одигра пет натпревари и постигна три погодоци.

Јансен со клубот од Лондон потпиша договор до 2020 година.