Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Репрезентативецот на Португалија Жоао Марио е нов фудбалер на Интер.
Овој играч за врска вчера допатува во Милано на преговори со Нероаѕурите, ги помина лекарските прегледи, и вечерва потпиша договор со овој тим.
Екипата на Спортинг од Лисабон за услугите на овој играч ќе инкасира 45 милиони евра, а сигурно е дека овој 23-годишен фудбалер ќе претставува големо засилување за тимот од Меаца.
Покрај Спортинг Марио играше уште за екипата на Виториа Сетубал, а во ова лето стана шампион на Европа со националниот тим на Португалија.