„Олд Трафорд“ е распродаден: Македонија ќе игра против Англија на полн стадион


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија вчера загуби со 2-3 од Украина, па следен предизвик на фудбалерите им е Англија. Дуелот се игра в понеделник од 20.45 часот на „Олд Трафорд“.

Трибините на култниот стадион ќе бидат исполнети до последното место, откако англиските медиуми објавија дека сите билети биле распродадени.

Македонските фудбалери ќе се обидат да ја изненадат Англија пред 74.300 гледачи, но тоа ќе биде тежок предизвик затоа што „Гордиот Албион“ има одличен старт на квалификациите.