„Олд Трафорд“ гори: Лингард се побуни и го нападна Рангник!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Продолжуваат проблемите во премиерлигашот Манчестер јунајтед, откако најпрво Мејсон Гринвуд беше уапсен поради насилство, а сега Џеси Лингард го обвини тренерот Ралф Рангник дека дал лажна изјава за медиумите.

Лингард му се спротистави на тренерот Рангник, кој кажа дека фудбалерот му побарал слободни денови и затоа решил да го одмори, но тоа очигледно не било вистина, барем така тврди англискиот играч.

„Клубот ме советуваше да направам мала пауза поради лични причини. Но, мојата глава е чиста и секогаш сум професионалец кој сака да даде максимум на теренот“, кажа Лингард.

Интересно е тоа што англискиот репрезентативец беше на праг да го напушти гигантот, откако интерес покажаа Вест хем и Њукасл, но „црвените ѓаволи“ не му дадоа дозвола да замине.