Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Олимпија Милано загуби на гостувањето кај Трст со 78-84, а македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ беше најдобар асистент.
По освоениот трофеј во Суперкупот, Олимпија не играше на посакуваното ниво и тоа го искористи Трст за да го шокира фаворитот.
Димитријевиќ постигна само два поени, но и седум асистенции, додека Миротиќ и Ледеј запишаа по 18 поени за гостите. На спротивната страна најдобар беше Рос со 22 поени.