Олимписка шампионка во карантин со момчето и поранешниот маж (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Британската пливачка Ребека Адлингтон, која е олимписка шампионка од Пекинг на 400 и 800 метри, е една од тие кои во целост ги исполнува обврските во карантин за време на пандемијата.

Меѓутоа, тоа што е интересно е дека во ист стан се наоѓа со сегашното момче и поранешниот сопруг.

„Како што е познато, Беки ги повика поранешниот сопруг Хари овој период да го мине со нивната четиригодишна ќерка, како и со неговиот пријател Мајкл Ганинг, пливач од Јамајка. А во истата куќа во Манчестер е и сегашното момче на Ребека, Ендрју Парсонс“, тврдат британските медиуми.

„Сан“ објави дека Беки и Хари се разделиле во 2016 година по само 18-месечен брак.