Олстар мечот во НБА ќе се игра на 7 март во Атланта!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


НБА-лигата е најдобрата во свет, па многумина беа пресреќни откако почнаа возбудувањата на крајот на декември, а сега се појави информација кога кошаркарите ќе го играат и Олстар натпреварот.

Неколку пати се случи тимовите да играат дуели со по седум-осум кошаркари во составот, а многу дуели беа одложени поради заразените со ковид-19.

Сепак, НБА натпреварите се играат, а вистинскиот спектакл се очекува на 7 март во Атланта, каде што ќе се игра Олстар натпреварот.

Засега планот е да се одигра само еден меч, а дали ќе има дел од останатите возбудувања засега не е познато.