Организаторите на Ролан Гарос знаеле дека Зверев е болен и мудро молчеле?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Организаторите на Ролан Гарос знаеле дека Александер Зверев бил болен пред мечот во кој загуби, но за тоа ништо не објавија.

Германецот беше поразен од Јаник Синер во четвртото коло од Ролан Гарос, а тогаш по мечот на конференцијата кажа дека се мачел со дишење и дека му било лошо.

Тоа веднаш предизвика сомнежи дека тенисерот има ковид-19 и Зверев мораше да направи тест, чиј резултат беше негативен.

„Ги добив резултатите. Немам корона“, кажа германскиот тенисер и откри дека организаторите на Ролан Гарос знаеле дека не се чувствува добро пред самиот дуел против Синер.

Во секој случај, за голема среќа станува збор за обична настинка, а не коронавирус.