Орие се испокарал со Мурињо и си заминал на полувреме од стадионот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тотенхем загуби на домашен терен во дербито против Ливерпул со 1-3 и така Јирген Клоп и неговите момци му одржаа лекција на Жозе Мурињо.

Дуелот го одбележа и еден инцидент, кој го објавија англиските медиуми, а во центар на внимание е Серж Орие.

Мурињо реши да го замени Орие уште на полувреме, а фудбалерот не сакал да ја прифати одлуката, по што се скарал со португалскиот стратег и заминал од стадионот.

Ова е уште еден доказ за нетрпението меѓу Орие и Мурињо, па би можел наскоро фудбалерот да замине од екипата затоа што е разочаран.