Осимен: Елмас е многу добар човек!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдобриот фудбалер на Наполи, Виктор Осимен заедно со македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Квича Кварацхелија го предводат тимот кон Скудетото.

Осимен имаше само пофални зборови за Елмас, откако ја доби наградата за најдобар странски фудбалер во избор на медиумите.

„Елмас е многу добар човек. Тоа што го направи со дресовите за помош на Турција е неверојатно. Само влезе во соблекувалната и разговаравме за ситуацијата во Турција, по што се понуди да помогне. Сите ја прифативме неговата идеја. Би сакал да изразам и сочувство до сите кои ги загубија семејствата“, кажа Осимен.