Осимен избран за најдобар африкански фудбалер за 2023 година


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најголемата ѕвезда на Наполи и Нигерија, Виктор Осимен е избран за најдобриот африкански фудбалер за 2023 година.

Наградата му беше доделена на свечената церемонија која се одржа во Маракеш од страна на Африканската фудбалска конфедерација.

Осимен минатата сезона го освои пехарот во Серија А и стигна до четвртфинале во Лигата на шампиони со Наполи.

Напаѓачот на Наполи ја доби наградата пред Мохамед Салах од Ливерпул и Ашраф Хакими од ПСЖ.