Осимен ја шокирал управата на Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најпривлечните напаѓачи е Виктор Осимен кој речиси сигурно ќе го напушти Наполи во летниот преоден рок.

За потписот на Осимен се заинтересирани неколку тимови од Премиерлигата, а често се шпекулираше дека ќе потпише за Челси.

Челси, сепак, според англиските медиуми не е фаворит за трансфер на Осимен, туку нигерискиот напаѓач е поблиску до потпис со Арсенал.

Нигериецот наводно сака да се пресели кај „топчиите“, а не во редовите на „сините“ и една од причините е поради тоа што Арсенал следната сезона ќе игра во Лигата на шампиони (ЛШ), а ќе се бори и за други трофеи.