Осимен ќе потпише нов договор со Наполи, но ќе има откупна клаузула


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Виктор Осимен е еден од најдобрите фудбалери на Наполи и минатата сезона му помогна за освојување на Скудетото.

На почетокот на сезоната имаше конфликт со управата на клубот, но претседателот Аурелио Де Лаурентис не се откажа од идејата да потпишат нов договор.

„Скај Италија“ објави дека Осимен ќе потпише договор до 2026 година со зголемување на платата, но и откупна клаузула од 130 милиони евра.

Осимен пристигна во Наполи од Лил и на 116 натпревари постигна дури 66 погодоци за калчолигашот.